Трагична судбина на семејството Брандо: Жените пателе по него додека бил со мажи, синот го убил љубовникот на ќерката, а таа си пресудила себеси

Точка

23/05/2023

11:40

9.856

Големина на фонт

а а а

Марлон Брандо беше еден од најпознатите и највлијателни актери на 20-от век. Славниот убавец е роден на 3-ти април 1924 година, а во текот на својата завидна кариера која траеше 6 децении, доби бројни признанија вклучувајќи 2 Оскари и 2 Златни глобуси.

Брандо за многумина и денес е еден од најголемите актери на сите времиња. Сепак, неговиот живот воопшто не бил едноставен, а неговото семејство поминало низ неколку големи трагедии.

Бунтовен тинејџер

Уште како тинејџер Брандо бил бунтовен и поради него, родителите имале многу проблеми. Тој бил исфрлен од училиште бидејќи возел мотоцикл во ходникот, а потоа провалил во црква и од камбанаријата извлекол дел од ѕвоно тежок 55 килограми, по што го закопал во близина.


За нештата да бидат уште подобри, Марлон организирал потрага по виновникот за никој да не се посомнева дека тоа е тој. Од Минесота подоцна се преселил во Њујорк, каде работел како помошник за одржување лифтови, келнер и готвач.

Турбулентен љубовен живот

Во текот на завидната кариера, Марлон имал турбулентен љубовен живот. Наводно долго бил со Мерилин Монро, а имал и хомосексуални искуства од кои не се срамел. Бил во љубовна врска со пејачот Боб Дилан, а наводно тој и долгогодишниот пријател Воли Кокс биле љубовници. Но, сепак повеќе ги сакал жените.

Меѓутоа, неволјите на семејството Брандо започнале кога Марлон за првпат се оженил, со убавата Ана Кашфи.

Што се случило?

Таа од Марлон го криела својот вистински идентитет. Знаела дека тој сака егзотични жени, па се облекувала како индијанска убавица, иако всушност потекнувала од Велс од една католичка фамилија.


Парот се венчал во 1957 година, а 2 години подоцна го добиле синот Кристијан. Истата година, Ана и Марлон се развеле, а таа по раѓањето на синот станала зависна од дрога и алкохол.

Марлон по втор пат стапи во брак со Мовита Кастанеда, 7 години постара мексиканска актерка, а по неа беше во брак со колешката Тарита Терипаја.

Тој веќе имал 38 години, а таа 20, и подоцна изјавил дека кога ја запознал таа била наивна и припроста. Му родила 4 деца, но никогаш не ја одвел во Америка затоа што тврдел дека се премногу чесни и полни со верба во луѓето, и дека во Америка би пропаднале.

Нивната ќерка Чејен Брандо станала модел, но страдала поради отсуството на таткото од нејзиниот живот.

Сè започнало во 1990 година

На 16-ти мај 1990 година во дневната соба во домот на Марлон на Беверли Хилс, Кристијан го убил Даг Дролет, љубовникот на својата полусестра Чејен. Тој бил уапсен и осуден на затворска казна, а од 10-годишната казна која му била пресудена за убиство со предумисла, во затвор поминал околу 5 години.


Кристијан на судењето се изјаснил за виновен и изјавил дека влегол во конфликт со Даг кога Чејен му рекла дека ја претепал, како и дека пукал по грешка и немал намера да го убие.

Една година пред да биде ослободен, Чејен извршила самоубиство поради депресијата од која не се извлекла по смртта на Дролет. Имала само 25 години кога се обесила во домот на нејзината мајка.

Смртта на Брандо

Марлон замина во пензија во 1980 година, но повремено глумеше во уште неколку филмови. Последна улога му беше во филмот „The Score“ во кој играше со својот голем пријател Роберт де Ниро.


Брандо почина во длабока старост на 1-ви јули 2004 година, на 80-годишна возраст. Боледуваше од дијабетес, а непосредно пред смртта му бил дијагностициран канцер. Тој бил кремиран, а неговата пепел била расфрлана на две места - на Тахити и во Долината на смртта.



Спонзорирани линкови

Маркетинг