Мурињо не го криеше задоволството откако му издржа неверојатниот „бункер“ во Германија

Дерби

19/05/2023

17:41

2.519

Големина на фонт

а а а

Жозе Мурињо е специјалист за натпреварит кои се играат на резултат, а тоа го покажа и во полуфиналето во Лигата на Европа во кое неговата Рома беше навистина инфериорна на гостувањето во Германија.

Откако „волчицата“ се стекна со предност на домашен терен од 1:0, Мурињо сите карти ги нареди во бранење на резултатот од „Олимпико“, па како и многупати во кариерата, тоа му успеа на важен натпревар на европската сцена.

Докажаната стратегија на Португалецот одново вроди со плод, а германските фудбалери на крајот од мечот беа навистина фрустрирани што не постигнаа гол и покрај цела доминација.

Рома го заврши мечот со 29 проценти посед на топка, 1 испратен шут и еден изведен корнер, но сепак ќе игра во големото финале во Лигата на Европа и втора година по ред ќе се бори за европски трофеј.

Мурињо освои толку многу титули во кариерата и во своите витрини ги има сите европски трофеи, но и ова финале го славеше како прво, односно покажа многу емоции во соочувањето со фановите на Рома.



Спонзорирани линкови

Маркетинг