„Заслужуваш да гниеш во затвор“: Посрамотениот актер се пофалил со новиот изглед, луѓето го „распнаа“ со коментарите

Точка

19/05/2023

17:20

4.821

Големина на фонт

а а а

Холивудскиот актер Алек Болдвин се пофали со својот нов изглед на социјалната мрежа Инстаграм само неколку денови по завршувањето на снимањето на филмот „Rust“ на кој се случи големата трагедија која резултираше и со судски процес.

Алек ја избричил густата брада која морал да ја има за потребите на снимањето на филмот, а на еден дел од неговите фанови не им се допаѓало тоа што Болдвин се фали на социјалните мрежи. Многумина не ја заборавиле несреќата која се случи на истоимениот филм кога пред 18 месеци случајно тој ја усмрти снимателката Халина Хачинс.

„Боже, колку е добро да ја избричиш оваа брада“, напишал Болдвин и со тоа разлутил многумина на Инстаграм.

Бруталните коментари се нижеле под објавата, а ова се само дел од нив:

„Нема шанси да го гледам тоа ѓубре од филм. Ти 100 отсто заслужуваш да бидеш во затвор сега, а не да лежиш на кревет. Подобро ти е да размислиш колку всушност добро помина“, напишал некој корисник на Инстаграм.


„А, кажи ни, дали е добро чувството да пукаш во снимателка?“, саркастично го прашал некој друг корисник, а други се надоврзале: „Добро, а помислуваш ли некогаш и на семејството на Халина Хачинс и што се случува сега со нив?“, „Треба да гниеш во затвор“, „Дали така блажено се чувствуваше и кога ја уби таа жена?“, го прашал некој корисник, а друг додал: „Да, сега не изгледаш како убиец, а тоа си“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг