Мајли Сајрус на насловната од „Вог“: Eксклузивни детали за разводот од Лиам Хемсфорт

Точка

19/05/2023

15:15

5.453

Големина на фонт

а а а

Периодов, една од најпопуларните пејачки на планететата, открила детали од својот приватен живот, кој е сè само не обичен.

Мајли Сајрус се појавила на насловната страница на британскиот „Вог“. Го покажала своето извајано и истетовирано тело во сатенски зелен градник и мини здолниште, а потоа и црвена долна облека, лежејќи на подот и мрежести црвени ракавици за да го надополнат изгледот.





Мајли во интервјуто за магазинот зборувала за разводот од нејзиниот поранешен сопруг, познатиот актер Лиам Хемсфорт. „Не би го избришала тој дел од мојот живот, ниту пак него. Необичниот и интересен живот создаваат интересни приказни“, изјавила пејачката за крајот на нејзината 10 годишна врска, иако тешкиот развод се одвивал пред очите на јавноста.


Да потсетиме, поранешната двојка се запознала во 2009 година на снимањето на филмот „The Last Song“. Во текот на годините раскинувале и повторно ја обновувале својата врска, сè до венчавката во 2018 година. Иако се разделиле една година подоцна, а разводот бил официјализиран во февруари 2020 година, фановите се убедени дека стиховите на песните „Flowers“ и „Muddy Feet“ се посветени на нејзиниот поранешен сопруг.





„Изградивме дом и гледавме како гори“ – гласи стихот во песната „Flowers“, а токму тоа им се случило на Мајли и Лиам. Имено, тие ја загубиле куќата во Малибу, Калифорнија, поради големите разорни пожари кои ја зафатиле областа во 2018 година.




Спонзорирани линкови

Маркетинг