Пази, вирче! Европската земја во која возачите се особено претпазливи при врнежи: 336 евра доколку испрскате пешак

Точка

05/05/2023

15:03

3.767

Големина на фонт

а а а

Обилните дождови се неизбежен дел од пролетта и есента во Норвешка, но тоа не ги спречува локалните жители да уживаат во природата. Проблемите настануваат кога патиштата се полнат со вода и не само што го отежнуваат сообраќајот, туку можат да да им го уништат денот и на пешаците.

Доколку минувајќи со автомобилот по патот и испрскате случаен минувач во Норвешка, очекувајте парична казна. Веб порталот „The Norway Guide“, кој ја презентира северноевропската земја, нејзината култура и обичаи, истакнува дека прскањето на минувачите со вода додека возат е незаконско. Сите возачи мора да се претпазливи.


Ако испрскате пешак додека возите во вашиот автомобил, очекувајте да добиете парична казна. Моментално изнесува 4.000 норвешки круни или околу 336 евра. Како да се спречи тоа сценарио, доколку се најдете зад воланот, а пред вас е пат полн со вода? Возачите се обидуваат да ја намалат брзината кога поминуваат пешаци за да спречат прскање на истите.


Прскањето на пешаците е забрането и во некои други земји во светот. Во некои делови на САД, може да добиете казна до 175 долари, ако се открие дека намерно сте испрскале пешаци со вода, а тие ве пријават.

Според Законот на Обединетото Кралство од 1988 година, возењето без обзир и совест кон другите лица е прекршок, а тоа вклучува возење нив локва што предизвикува прскање на пешаците. Максималната можна казна за овој прекршок е 5.000 фунти, но обично се наплаќаат околу 100 фунти.

Во Јапонија исто така постои оваа забрана. Ако попрскате случаен пешак додека возите покрај него во вашиот автомобил, треба да платите казна до 7.000 јени или околу 45 евра.