Ова е најдолгото име на некое место на светот: Вистинскиот назив за Бангкок содржи дури 168 букви

Точка

04/05/2023

17:46

16.726

Големина на фонт

а а а

Бангкок е главниот град на Тајланд, а воедно и најнаселениот во кралството.

Ова име, Бангкок, се користи како англиски назив за градот. Тајланѓаните се секако запознаени со ова име бидејќи владината администрација и многу компании го користат истото.

Но, кога станува збор за официјалниот назив за Бангкок на тајландски и целосното име, гледаме зошто тоа станало широко распространет и интересен факт. Со 168 букви, името е познато како најдолг назив за некое место во светот. Треба да се напомене дека ова се смета за свечено име на градот, а не името Бангкок кое обично се користи во секојдневниот говор.

Другото име на Бангкок гласи: „Krung Thep Mahanakhon Amon Rattanakosin Mahinthara Yuthaya Mahadilok Phop Noppharat Ratcha-thani Burirom Udomratchaniwet Mahasathan Amon Phiman Awatan Sathit Sakkathattiya Witsanukam Prasit“, а преводот е следен:


„Град на ангелите, голем град, резиденција на Смарагдниот Буда, неосвоив град на богот Индра, голема светска престолнина обдарена со 9 драгоцени камења, град на среќата кој го краси огромна кралска палата која потсетува на небесното престојувалиште на реинкарнираниот бог, град кој го дал Индра, а го изградил Вишвакарман“.

Како што можете да забележите, ова име е тешко за помнење и иако не се користи во голема мера, многу Тајланѓани всушност можат да го изговорат целосно. Зборовите кои го сочинуваат името претставуваат мешавина од различно потекло, благодарение на разновидната историја на Тајланд.




Спонзорирани линкови

Маркетинг