Наполи славеше над Јувентус во неделното дерби во Торино, па со тој резултат направи нов исчекор кон освојување на пехарот во италијанската Серија А.
Клубот од Неапол има 17 бода повеќе во однос на второпласираниот Лацио на седум кола до крајот и само прашање е на време кога официјално ќе биде потврдено Скудетото за тимот на нашиот Елиф Елмас. Наполитанците повеќе од 30 години чекаат на лигашки трофеј, поточно од времето на Диего Армандо Марадона со тоа што сега клубот има нови херои како Осиме, Кварацхелија, Ди Лоренцо…
- Оваа титула е поразлична од претходните. Наполи го освои, но ова носи добро за италијанскиот фудбал. Доминацијата на тимот на Спалети ги принуди другите клубови да имаат да целат кон различни цели. Исто имаме пет екипи во европските полуфилиња. Тоа е добро движње. Мислам на Севила во последниве години, тие не можеа да целат кон Ла Лига, се фокусираа на Лигата на Европа, добивајќи меѓународен престиж, - вели легендарниот Фабио Канаваро кој објасни зошто оваа титула на Наполи е поразлична пд претходните.
- Бидејќи претходните две имаат уникатен, извонреден белег: Марадона. Тој испиша фантастични страници, па дури и ако екипите на Бјанки и Бигон беа добри, неговото присуство беше магнетно. Ова Скудето, од друга страна, има многу лица и заслугата главно се должи на Лучијано Спалети, - порача Канаваро за „Газета Дело Спорт“.