Ѕвездата на Премиер лигата објави прва фотографија по стравотната сообраќајка: Бев блиску до смртта

Точка

17/03/2025

20:56

3.380

Големина на фонт

а а а

Ѕвездата на англискиот Вест Хем, Михаил Антонио ја објави првата фотографија по сообраќајната несреќа што ја доживеал во декември 2024 година.

34-годишниот бил пренесен во болница со скршеница на ногата, откако едвај бил извлечен од остатоците од неговото исклучително вредно Ферари.

Тој бил заробен во автомобилот повеќе од 45 минути и признал дека се плашел за својот живот, а сообраќајната несреќа се случила откако удрил во дрво во Епинг Форест додека се враќал дома од тренинг.


Антонио се присетил дека времето било ветровито и врнежливо и дека било издадено предупредување поради бурата Дараг.

„Кога полицијата ме најде, бев меѓу две седишта. Не бев на возачкото место“, изјави Антонио во интервју за Би-би-си, и додаде:

„Тие рекоа дека изгледало како да се обидувам да излезам низ прозорецот, но бидејќи ногата ми беше скршена, не можев да го сторам тоа поради болките“.


Фудбалерот бил итно пренесен во болница и пуштен 24 дена по несреќата. На прашањето дали се сеќава на нешто за несреќата, Антонио одговорил „ништо“.

„Чудно е, бидејќи ми кажаа дека во текот на целиот пат, бев буден и дека разговарав со сите – со полицијата, со луѓето и со личноста што ме пронајде“, додаде Антонио и продолжи:

„Сфатив дека сум блиску до смртта. Ги видов фотографиите, но лично беше десет пати полошо. Автомобилот беше во целосен хаос, ми беше многу тешко“.


Извори блиски до фудбалерот откриле дека тој имал среќа да ја преживее несреќата со оглед на состојбата на неговото Ферари и додале дека нема да може да игра оваа сезона.

Инаку првично се сметало дека закрепнувањето ќе трае до 12 месеци, но беше соопштено дека тој ќе се врати на индивидуалните тренинзи следниот месец.

Неговиот договор со Вест Хем истекува во летото 2025 година и сè уште не е донесена одлука за неговата иднина на Лондон стадионот.