Црвена звезда потврди дека ќе одигра хуманитарен натпревар со Вардар

Макфакс

18/03/2025

13:44

336

Големина на фонт

а а а

Генералниуот директор на фудбалскиот клуб Црвена звезда, Звездан Терзиќ, го потврди она што вчера го најави Дарко Панчев. Црвена звезда и Вардар на 16.април во Скопје ќе одиграа хуманитарен натпревар. Целиот приход од натпреварот ќе им биде дониран на семејствата на настраданите во трагедијата во нелегалната дискотека во Кошани.

„Сите во Црвената звезда беа длабоко потресени од трагедијата што се случи во Кочани. Веднаш контактиравме со нашите легенди Дарко Панчев и Илија Најдоски, и со нивна помош, стапивме во контакт со раководството на Вардар. Се согласивме да играме добротворен натпревар во Скопје на 16.април на овој натпревар. Приходот ќе биде проследен кон семејствата на настраданите во оваа голема трагедија во Кочани“, рече Терзиќ.

„Тоа е најмалку што може да направи Црвена звезда за својата братска Македонија во ова тешко време“, додаде тој.

„Изразуваме искрено сочувство до сите семејства на жртвите, како и до сите граѓани на Македонија, со надеж дека овој гест ќе покаже колку нè погоди оваа трагедија и дека сме обединети во тагата со семејствата на жртвите“, заклучи Терзиќ.