Познатиот ММА борец Конор Мекгрегор го посети Доналд Трамп во Белата куќа.
Претседателот на САД го прими Мекгрегор во Овалната соба, што предизвика бројни и жестоки реакции од сите страни.
Посетата се случи на најголемиот ирски празник, Денот на Свети Патрик, а познатиот борец му се пожали на Трамп за проблемот со илегалната миграција во неговата родна земја.
„Нашата влада е влада на нулта акција со нулта одговорност. Ирска е на работ на потенцијално губење на сè што е ирско. Ирска и Америка се браќа и сестри. Ние ја сметаме Америка за нашиот голем брат или сестра, и затоа е важно Ирска да биде мирна и просперитетна земја за 40-те милиони Американци со ирско потекло, за да имаат место што можат да го посетат.“
BREAKING 🚨 President Trump stuns the World by having UFC’s Champion, Connor McGregor in the Oval Office with him on st. Patrick’s Day ☘️
— MAGA Voice (@MAGAVoice) March 17, 2025
“Congratulations, your work ethic is inspiring”
Everybody truly loves Donald Trump ❤️
pic.twitter.com/0znVNeRaET
Очекувано, изјавата наиде на критики во Ирска.
Премиерот Михаел Мартин изрази незадоволство од средбата меѓу Трамп и спортистот.
„Забелешките на Мекгрегор се погрешни и не го одразуваат духот на Денот на Свети Патрик, ниту ставовите на народот на Ирска“, изјави Мартин.
Неговиот заменик, Сајмон Харис, нагласи дека Мекгрегор не ја претставува Ирска и нејзиниот народ, туку неговите лични ставови.
Да потсетиме, Мекгрегор беше осуден во ноември 2024 година за сексуален напад врз жена во хотел во Даблин во 2018 година. Судот му нареди да плати 150.000 фунти.
Веста за пречекот на Мекгрегор во Белата куќа предизвика бурни реакции на социјалните мрежи.
– Конор Мекгрегор беше прогласен за виновен за силување, уапсен за грабеж и наводно бил вклучен во серија сексуални напади и акти на насилство. Белата куќа на Трамп го пречекува со раширени раце, гласеше еден од коментарите.