Објавена листата со најзастапени европски презимиња – македонското сосема очекувано

Точка

12/04/2023

12:35

15.583

Големина на фонт

а а а

Ако Американците со презиме Смит би формирале своја држава, тоа би била 35-та најнаселена американска држава. Смит е многу често презиме во другите земји од англиско говорно подрачје, но секоја земја во светот има „најпопуларно“ презиме.

Во Македонија најзастапено презиме секако е Стојановски, а во продолжение ви ги претставуваме најчестите европски презимиња и нивното значење.

Андора

Гарсија - од ова најпопуларно презиме, евидентно е дека оваа земја, сместена меѓу Франција и Шпанија, со јазикот повеќе се приклонува кон Шпанија.

Австрија

Грубер - ова е презиме изведено од германскиот збор Groube, што значи дупка или вдлабнатина. Се однесува на личност која живее во низините.

Белорусија, Бугарија

Иванов – синот на Иван, дополнителни објаснувања сметаме дека не се потребни.

Белгија

Питерс - од зборот Петрус, што значи камен или карпа.

Босна и Херцеговина

Хоџиќ – презимето доаѓа од зборот хоза, што значи „син на мајсторот“.

Црна Гора

Поповиќ - изведенка на српскиот збор поп, буквално значи „син на свештеник“.

Чешка

Новак – доаѓа од словенскиот збор за дојденец (што е прилично збунувачки).

Данска

Јенсен - кратенка од „син на Јоханес“, а Јоханис значи „Јахве ме благослови со син“, т.е. „благословено дете“.

Естонија

Тамм – во превод значи „даб“.

Финска

Корхонен – изведенка на зборот корхо, што буквално значи глув човек, но може да се преведе и како итар.

Франција

Мартин – слично на презимето Мартинез, тоа е изведенка на името Марс, римскиот бог на војната.

Германија, Швајцарија

Милер – значи мелничар, кој меле жито.

Грција

Пападопулос – комбинација од зборовите papas (свештеник) и poulus (син).

Унгарија

Наѓ - преведено како голема, значи голема или моќна личност.

Исланд

Jónsdóttir - значи ќерка на Јон.

Ирска

Марфи – доаѓа од галското име O Murchadha, што значи „потомок на Murchad“, т.е. морски воин.

Италија

Роси – преведено како личност со црвена коса и румено лице (неочекувано за Италијанците, кои обично ги замислуваме како темни и црнокоси).

Косово

Красниќи – значи потомци на племето Красниќи од северот на Албанија.

Латвија

Bērziņš – буквално преведено би значело „оној што живее меѓу брезите“.

Лихтенштајн

Büchel – изведенка од германскиот збор за рид, ова презиме може да се преведе како „оној што живее на ридот“.

Луксембург

Шмит – слично презиме на германскиот Шмит и англискиот Смит.

Македонија

Стојановски - етимологијата на ова презиме не е разјаснета, но на македонските зборови често им се додавала наставката –ски.

Малта

Борг - значи тврдина. Па кога се презиваат така, ги викаат „еј, тврдина!“

Молдавија

Русу – преведено како личност која потекнува од Русија.

Монако

Роси - иако Роси во моментов е најчестото презиме со 89 жители, тие имаат голема конкуренција од луѓето со презимето Лоренцо, од кои моментално има 67.

Холандија

Де Јонг – во превод значи „млад“.

Норвешка

Хансен – старонордиски збор што означувал луѓе кои создавале песни. Се толкува и како форма на името Ханс, т.е. Јоханис.

Полска

Новак – исто така значи и некој што е нов, дојденец

Романија

Попа – изведенка на романскиот збор за свештеник.

Сан Марино

Гасперони – ова презиме доаѓа од латинскиот збор gasparus, што значи „оној што го чува богатството“.

Србија

Јовановиќ – во превод „син на Јован“.

Словенија

Новак - значи и некој што е нов во областа.

Шпанија

Гарсија - речиси 1,5 милиони Шпанци се презиваат според баскискиот збор за мечка.

Шведска

Андерсон – син на Андерс, а Андерс доаѓа од грчкиот збор andreios, што значи „мажествен“.

Турција

Јилмаз – „непопустлив, нефлексибилен“.

Украина

Мелник – руска верзија на презимето Милер, „оној што меле жито“.

Ватикан

Бахман – дури четири лица во Ватикан го имаат тоа презиме.