Првиот Европеец што стапнал на тлото на Нов Зеланд бил Холанѓанецот Абел Тасман кој бил испратен на истражувачко патување за да ја открие непознатата земја за која во тоа време само се шпекулирало дека постои.
Имено, Европејците верувале дека некаде на јужната хемисфера на Земјата постои голем, неоткриен континент. Тасман тогаш работел за моќна источноиндиска компанија, која, меѓу другото, сакала да најде нови партнери со кои би можела да тргува со ткаенина и железо.
Далечниот Нов Зеланд бил непознат за остатокот од светот до 13 декември 1642 година, кога Тасман стигнал на непознатото копно на Тихиот Океан. Според една од приказните, Тасман не бил испратен на патувањето за да биде награден, туку да биде казнет и одвоен од ќерката на гувернерот кој го испратил на долго патување бидејќи трговецот „не бил доволно добар за неа“.
Пред да доплови во Нов Зеланд, Холанѓанецот пристигнал на непознатиот остров кој дури подоцна го добил името – Тасманија. Островот прво бил познат како Земјата на Ван Димен, по гувернерот Антонио ван Димен – кој го испратил Абел Тасман на истражувачкото патување. Името на островот било променето дури во 1856 година во чест на самиот Тасман, првиот Европеец кој го открил.
Пловејќи источно од земјата на Ван Димен, Тасман наишол на огромно копно населено со непријателски маорски племиња. Кога ги виделе дојденците, членовите племето скокнале во нивните кануа и почнале да дуваат во воените инструменти.
Холанѓаните помислиле дека им посакуваат добредојде, па одговориле со дување во трубите. Кога Маорите убиле неколкумина од екипажот, Холанѓаните сфатиле дека нема да има мирно стигнување на брегот.
Тасман во својот дневник забележал дека новооткриената земја е помал дел од голем континент кој достигнува сè до најјужните делови на Јужна Америка, и тој дел го именувал по Стејтен, копно во близина на јужниот брег на Аргентина. Заливот каде што ги пречекале непријателите Тасман го нарекол „Заливот на убијците“.
Веќе следната година, друг Холанѓанец открил дека Стејтен е остров, а не е дел од Јужна Америка, па Стејтен веќе не било соодветно име. Затоа Тасман го преименувал островот во Зеланд (копно во морето) по истоимената покраина во неговата татковина.
Холандските трговци го сметале патувањето на Тасман залудно, но тој сепак бил заслужен за создавање на нови наутички и географски карти.
На Англичанецот Џејмс Кук му биле потребни 130 години да ја открие Австралија бидејќи иако пловел околу неа, Тасман не сфатил дека тоа е нов континент.