Се сеќавате на првоаприлската шега на „Google“ во 2016 година? Многумина ја сметаат за најлоша во нивната историја

Точка

01/04/2023

16:10

11.316

Големина на фонт

а а а

На 1 април повеќето се подготвени за некоја шега, лажна вест или информација на чија сметка добро ќе се изнасмеат. Но, понекогаш знае да се претера во првоаприлскиот хумор, а тоа му се случи на „Google“ во 2016 година.

Имено, на денешен ден пред 7 години, „Gmail“ доби опција „mic drop“ која на многумина им зададе главоболки. Оваа опција дозволуваше да испратите мејл на кој другата страна не може да одговори на него, а со клик на опцијата „mic drop“ се испраќаше и гиф од Мињон кој го пушта микрофонот на земја, давајќи ѝ до знаење на другата страна дека сте го кажале своето.

Но, многумина случајно ги испратиле своите мејлови со помош на „mic drop“ бидејќи тоа копче се наоѓаше веднаш до копчето „send“. Со тоа беа прекинати многу комуникации, но во некои ситуации било особено непријатно затоа што некои на тој начин испратиле пријави за работа итн.

„Google“ се извини

„Google“ секако не беше виновен ако некој случајно го притиснал тоа копче, но беше виновен откако се појави „баг“, па и обичната опција за испраќање, испраќаше гиф од Мињон и ги блокираше повратните пораки. Поради тоа, технолошкиот гигант најпосле официјално се извини.

„Се чини дека се насамаривме самите себеси оваа година. Поради „баг“, „mic drop“ опцијата предизвика повеќе главоболки отколку смеа. Искрено нѝ е жал. Опцијата е отстранета“, порачаа тогаш од „Google“, а многумина ја прогласија ваквата шега за „најлоша во нивната историја“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг