Новите модели на „Москвич“ за 2023-та година наскоро ќе ѝ бидат претставени на јавноста

Точка

30/03/2023

19:12

12.765

Големина на фонт

а а а

Рускиот произведувач на автомобили „Москвич“ ги потврдил плановите за производство на два нови модели за 2023-та година – кросовер и лимузина, се наведува во соопштението на компанијата.

„Оваа година ќе се појават нови модели на автомобилот „Москвич“. Станува збор за седан и кросовер и наскоро ќе ѝ ги претставиме на јавноста“, се наведува во соопштението.


Досега во понудата на брендот има два модели: урбаниот кросовер „Москвич 3Г“ и електричниот автомобил „Москвич 3ег“.


Цената на првиот ќе се движи од 26.000 доари, додека вториот модел ќе чини 45.000 долари.


Фабриката за автомобили „Москвич“ се наоѓа на местото на некогашната фабрика „Renault Russia“, која престана да работи во Русија.




Спонзорирани линкови

Маркетинг