(Фото) Ќофте од месо од мамут претставено во музеј во Холандија: Содржи протеин стар 4000 години, а ова е неговата цел

Точка

30/03/2023

16:17

17.974

Големина на фонт

а а а

Големо ќофте направено од месо, произведено со помош на ДНК од изумрен волнен мамут, е прикажано денес во Музејот на современа наука во Амстердам, „Nemo“.

Ќофтето го создала австралиската компанија за производство на месо „Vow“ која вели дека не станува збор за „првоаприлска шега“ туку намерата им е да ги наведат луѓето да размислат за култивираното месо како поодржлива алтернатива на вистинското месо.


„Сакавме да создадеме нешто што е сосема различно од сè досега видено“, вели основачот на компанијата Тим Ноксмит, додавајќи дека тоа е дополнителна причина за избор на мамутот, бидејќи научниците веруваат дека изумирањето на ова животно било предизвикано од климатските промени.


Ќофтето е направено од овчи клетки во кои бил вметнат ген на мамут наречен миоглобин.

„Кога станува збор за месото, миоглобинот е одговорен за аромата, бојата и вкусот“, изјавил Џејмс Рајал од компанијата „Vow“.

Бидејќи секвенцата на ДНК која компанијата ја добила содржела празнини, била вметната и ДНК од африкански слон.


„Слично како во ‘Jurassic Park’“, додал Рајал, нагласувајќи дека разликата е во тоа што не се креирани вистински животни.

Додека создавањето на одгледувано месо обично значи користење на крв од теле, „Vow“ користел алтернатива, што значи дека не се убиени животни при правењето на ќофтињата од мамут.


Парчето месо кое има арома на крокодилско месо, моментално не е достапно за купување, со оглед на тоа дека содржи протеин стар 4000 години и бара ригорозни тестови пред да се појави на пазарот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг