„Јазикот“ на шимпанзите потсетува на човечка комуникација: Научниците откриле неверојатни сличности

Точка

12/05/2025

21:39

379

Големина на фонт

а а а

Шимпанзите развиле многу пософистициран и посложен комуникациски систем кој содржи елементи слични на основите на човечкиот јазик, според ново истражување објавено во списанието „Science Advances“.

Во студијата, научниците анализирале снимки од три групи шимпанзи што живеат во Брегот на Слоновата Коска, Африка.


Утврдено е дека шимпанзите комбинираат звуци за да комуницираат на сличен начин како што луѓето користат идиоми или го менуваат редоследот на зборовите за да создадат ново значење на израз, а овие елементи на комуникација личат на некои од основите на човечкиот јазик.


Ова е прв пат научниците да документираат таква сложеност во нечовечки комуникациски систем.

Научниците веруваат дека оваа способност на шимпанзите претставува еволутивна транзиција помеѓу комуникацијата кај животните и човечкиот јазик.


Друга посебна студија, објавена минатиот месец, дојде до слични заклучоци, докажувајќи дека друг вид примат, бонобото, исто така може да комбинира звуци за да формира нешто како реченици.