(Видео) Несекојдневно откритие на археолозите: Со предмет стар 6.000 години ловеле само големи предатори

Точка

30/03/2023

22:53

17.899

Големина на фонт

а а а

Најстарата метална јадица е пронајдена во израелскиот град Ашкелон, објавила израелската Управа за антиквитети.

Станува збор за јадица стара околу 6.000 години, која била алат за лов на големи морски предатори, како што се ајкули.

Најстарата јадица е направена од бакар, долга е околу 6,5 центиметри и широка четири центиметри. Од Управата за антиквитети наведуваат дека, со оглед на големината, се претпоставува дека е користена за лов на ајкули или други големи риби во Средоземното море во периодот на енеолитот, односно бакарното доба.

Досега не е пронајдено ништо такво, наведува Јаел Абади Рејс од таа управа и објаснува дека јадицата е пронајдена на среќа во некогашна населба. Таа вели дека јадицата е опстанала во истата форма само поради среќа, бидејќи другите веројатно кородирале и исчезнале.

Сочувана е, како што објаснува Рејс, благодарение на микроклимата на местото каде е најдена, селата од бакарното доба кај Ашкелон, на југот на Израел. Тоа наоѓалиште е сместено покрај езеро кое периодично го поплавува подрачјето, па куќите биле правени на суви места. Така јадицата успеала да преживее илјадници години, а корозијата да не ја уништи.

Археолозите пронашле уште артефакти од бакарното време на ова наоѓалиште, па дури и место за преработка на бакар. Благодарение на тоа, откриено е дека не познавале само еден начин на топење на бакарот, туку два. Така некои алати се правеле од чист бакар, а некои од неговите легури. Сепак, во тоа време, металите биле многу скапи, па пронајдени се и алати направени од камен.

Зависни од морски плодови

Археолошките докази велат дека мештаните на оваа прастара населба биле многу зависни од морски плодови. Меѓутоа се сметало дека начини за доаѓање со нив биле ловење со копје, собирање на школки или собирање на угинати риби кои водата ги исфрлила, додека риболовот со јадица на отворено море бил многу сложен за луѓето кои живееле во тоа време.

Таа додава дека мештаните од ова село од бакарното доба исто така веројатно користеле јадици направени од коски.

Брегот кај Ашкелон бил густонаселен во бакарното доба, велат археолозите, а пронајдени се остатоци во релативно големи села во кои луѓето се занимавале со земјоделство и сточарство, пренесува „Harec“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг