(Видео) Справа на која вежбаат и Кардашијанките: Нушкова ја откри тајната за своето префинето тело стара точно 111 години

Точка

29/03/2023

12:07

8.306

Големина на фонт

а а а

Трендот кој активно го практикуваат познатите личности во светот стана препознатлив и кај нас.

Станува збор за пилатес кој се вежба на „Реформер“ машини - концепт што отсликува високо рангиран тип на тренинг, пред сè поради неговите брзи ефекти.

Имено, покрај тоа што „Реформер“ машината помага во издолжување, таа квалитетно ги оформува и создава вретенест изглед на мускулите, поради отпорот кој се поставува во секоја од вежбите. При редовно практикување на ваков тип на тренинг, значително се подобрува држењето на телото и притоа се активираат длабинските мускули кои ретко кој друг тренинг може да ги опфати.

Токму ова се причините поради кои познатите Кардашијанки, Новак Ѓоковиќ, Наташа Беквалац, Дуња Јованиќ и уште многу други секојдневно на своите социјални мрежи објавуваат дека овој вид на тренинг е нивниот избор.

Манекенката Бојана Нушкова објави видео во кое откри дека редовно вежба Пилатес на „Реформер“ во Студио 60, кадешто го одржува своето убаво обликувано тело.

Во изминативе десетина години, фитнес трендовите се во подем, но овој начин на вежбање е нешто што постои уште од далечната 1912 година. Во тој период познатиот Џозеф Пилатес при практикување на своите вежби ја измислил првата „Реформер“ машина, на која активно ги практикувал пилатес часовите. Кога избила Првата светска војна, тој заедно со други германски државјани, бил интегриран во логор на Островот Ман. Додека бил таму, тој предавал и ја практикувал својата програма за физичка кондиција, која била под влијание на различни извори како јогата и движењата на животните, особено на мачките. Во логорот, Пилатес почнал да смислува апарати за да помогне во рехабилитацијата на повредените, инвалидите и болните воени затвореници. Железните рамки на креветот и намотаните пружини за душек му служеле како инспирација за славниот пилатес „Реформер“.

По војната, Џозеф Пилатес се вратил во Германија, кадешто продолжил да студира фитнес и движење. На крајот, тој бил поканет од германската влада да ја обучи новата германска армија.

Во текот на својата кариера, Џозеф Пилатес развил повеќе од 600 вежби за душекот, како и за различните апарати што ги измислил, како што се Кадилак, Реформер, Столче и Коректор на 'рбетот. Водечката филозофија во неговата работа, која тој ја нарекол „Контрологија“ е тоа дека вежбањето на целото тело заедно, наспроти тренирањето на поединечни мускули, е начин да се постигне добро здравје.

Комерцијална објава



Спонзорирани линкови

Маркетинг