Адријана Лима во последно време сè почесто се појавува на јавни настани, по малата пауза по породувањето.
Манекенката не престанува да воодушевува со одличните изданија, иако некои ја критикуваа бидејќи не ја вратила старата линија.
Сепак, славната манекенка не се обѕираше на тоа сè до неодамна кога и самата покажа дека се вратила во теретана и дека тренира. Промените се веќе и повеќе од очигледни, а дека тренингот навистина се исплати покажа кога се појави на премиерата на филмот „AIR“ со партнерот Андре Лемерс.
Лима на црвениот тепих се појави во голем стил, во огненоцрвена „Dolce & Gabbana“ креација со долги ракави и интересен појас, а на нозете носела црвени салонки.
Бразилката изгледала неверојатно, а и нејзиниот партнер не ја криел гордоста поради својата избраничка, па во неколку наврати и страсно се бакнале пред фотографите.
Инаку, убавата Адријана не го поддржува трендот на експресно слабеење по породувањето, кој за жал го следат многу жени, и со тоа им испраќа порака на сите: сакајте се себеси, чувствувајте се добро во својата кожа и водете битка со килограмите со темпо кое вам ви одговара.