Кралицата Летиција вчера се појави во најубавиот пролетен фустан: Веднаш е распродаден, а кога ќе го видите јасно ќе ви стане и зошто

Точка

28/03/2023

15:14

7.128

Големина на фонт

а а а

Кралицата Летиција на отворањето на 9-от Меѓународен конгрес на шпански јазик во Кадиз понела совршена пролетна комбинација во најактуелната боја за оваа сезона.

Најголемата ѕвезда во изданието на кралицата бил фустанот во пастелна нијанса на виолетова боја, која е апсолутен хит на модните куќи во колекциите за пролет/лето 2023 година.


Кралицата Летиција во Кадиз пристигнала во креација со потпис на шпанскиот бренд „Cho Atelier“, а станува збор за миди фустан со V-изрез кој има нежни пуф ракави и набран горен дел со преклоп.


На страницата на брендот пишува дека фустанот е моментално распродаден, а неговата цена е 190 евра. Обожавателите на модните изданија на Летиција биле сложни дека оваа креација и боја се совршен избор за оваа пролет.

Шпанската кралица го надополнила изданието со беж салонки со отворена пета на модната куќа „Carolina Herrera“ и чанта која со бојата му комплементира на фустанот, а која е дел од колекцијата на брендот „Olivia Mareque“.


Пролетното издание, таа го заокружила со висечки обетки во повеќе бои, додека косата ѝ била пуштена.