Инстаграм приказна на Андријана Илиоска: „Учествував на спектакуларна ревија за брендот Moncler во Милано каде првпат почувствував што значи вистински моделинг“

Точка

28/03/2023

21:35

8.711

Големина на фонт

а а а

Во денешната Инстаграм приказна ќе Ви ја претставиме девојката која веќе 9 години професионално се занимава со моделинг.

Андријана Илиоска има 22 години, а една година работи и живее во Милано, Италија.

Таа е дел од модната агенција „@e2modelsmgmt“ која, како што вели младата Андријана се грижи за нејзините ангажмани ширум светот, а истата е лоцирана во Милано.

„Љубовта кон моделингот ја имам од најрана возраст, а мојата прва фотосесија беше на мои 14 години“, вели Андријана за „Точка“.

Инаку, младата Андријана во меѓувреме е студент на Универзитетот Гоце Делчев на отсекот Бизнис и Логистика.

Да ја запознаеме Андријана Илиоска низ 5 нејзини објави на Инстаграм:

1. „Моето учевство на „Dubai Fashion Week“, каде што бев дел од ревии на значајни брендови и дизајнери ширум светот, а посебно значење за мене и за мојата кариера претставуваше учеството на модната ревија на светскиот бренд „Moschino“ како и честа лично да го запознаам дизајнерот на брендот Jeremy Scott“.

2. „Следната инстаграм објава која има посебно значење за мене, е мојата прва фотосесија во Милано. Во соработка со врвниот фотограф „@shotsbyromeo“. Оваа фотографија е отскочната даска за сето она што го постигнав изминатиов период во Италија“.

3. „Третата инстаграм објава, е моето прво учевство на „Fashion week Milano“, и тоа учевство на спектакуларната јубилејна ревија на модниот бренд „Moncler“. Ова е почетокот на една од моите најуспешни сезони во мојата кариера, каде што за првпат почувствував што значи вистински моделинг“.

4. „Следната инстаграм објава е видео од втората ревија во склоп на „Fashion week Milano“ на којашто учествував, и тоа е за дизајнер од Арменија“.

5. „И како последна значајна инстаграм објава за мене, ќе ја издвојам објавата каде што позирам пред огромните билборди од мене во центарот на Милано. Ова за мене има посебно значење бидејќи ова беа моите први билборди. Првиот билборд е ревијата на брендот за долна облека „Tezenis“ и вториот билборд е фотосесија за брендот 'Golden Point'.“

Автор: М. Нестороска



Спонзорирани линкови

Маркетинг