Најубавата спортска новинарка е бремена, славниот голман станува татко: Бакнежи пред камера и порака до фановите

Точка

24/03/2023

21:34

5.550

Големина на фонт

а а а

Една од најатрактивните спортски новинарки на светот, Дилета Леота, на своите профили на социјалните мрежи соопшти убави вести. Таа и германскиот голман Лорис Кариус, чувар на мрежата на англиски Њукасл, чекаат бебе. Тоа во јавноста на своите бројни фанови им го соопштија преку видеоснимка на која разменуваат нежности.

Камерата ги снима Дилета и Лорис како се бакнуваат, а потоа разговараат додека италијанската новинарка не се обидува да ги задржи емоциите. Кариус на снимката ја допира по лицето, а повремено гледа во камерата која му е зад грб. „Мораме нешто да ви кажеме … Дали веќе знаете? Ќе експлодираме од радост. Ние и мојот стомак. Наскоро ќе бидеме тројца“, напишала Дилета.

За врската на убавиот пар се знае околу половина година, откако Дилета кон крајот на 2022-ра година одлучи на светот да му покаже дека е во врска со голманот. Кариус пред тоа привлекуваше внимание со лошите партии во своите клубови, откако самодовербата целосно му ја уништи натпреварот кој со Ливерпул го одигра против Реал Мадрид во финалето на Лигата на шампионите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг