Инстаграм приказна на Јована Спасиќ - ќе ве воодушеват нејзините рецитации: „За мене е значајно доколку успевам богатото македонско творештво да ѝ го приближам на публиката“

Точка

23/03/2023

22:50

6.441

Големина на фонт

а а а

Младата и талентирана актерка, Јована Спасиќ, е нашата денешна соговорничка во рубриката „Инстаграм приказна“.

Спасиќ полека, но сигурно го освојува Инстаграм со своите уникатни рецитации, а токму тоа беше и главната причина поради која сакаме да ја претставиме на нашата Точка публика.

„Досега сум била на повеќе натпревари за рецитација, и секогаш сум земала награди. Почна случајно, со натпревар кога бев дете, а подоцна се нижеа настани во кои што од мене се бараше да изрецитирам нешто, или да прочитам. Ги сакам македонскиот јазик и македонските поети, што твореле и творат на мајчин јазик, па затоа најчесто одбирам нивна поезија. Не е исто кога песната е преведувана и ретко кога може да и се задржи автентичноста при преводот. Покрај студиите и самоиницијативно научив многу песни, па затоа некогаш одлучувам да поставам нешто и на социјалните мрежи. Денес ретко се случува некој да поставува таков контент, а за мене е значајно доколку успевам богатото македонско творештво да и го приближам на публиката“, вели актерката за Точка.

Инаку, Јована Спасиќ е дипломирана актерка на Факултет за драмски уметности - Скопје, и студент на мастер студии на Факултет за драмски уметности - Белград.

Ја запознаваме Јована Спасиќ преку 5 нејзини уникатни Инстаграм објави:

1. Оваа песна е од збирката песни „Потпис: Трепетлика” на проф. д-р Ана Стојаноска и бев дел од видео презентацијата на истата.


2. Поезијата „Разговор“ на Блаже Конески, по повод одбележувањето на 100 години од неговото раѓање.


3. „Сеќавање“ од Петре М. Андреевски, на Светскиот ден на поезијата.


4. „Браво дечаче“ од Марко Милошевиќ


5. „Your song“ - Elton John Покрај рецитирање, се занимавам и со пеење, па така гласот максимално го користам, и не знам што би правела без него

Автор: Цеце Николова



Спонзорирани линкови

Маркетинг