(Видео) Запознајте го најатрактивниот „VW Golf“ на сите времиња

Точка

21/03/2023

16:35

12.329

Големина на фонт

а а а

Премиерата овој автомобил ја имаше на видеоигра, а потоа го виде и светлото на денот.

Во 2014-та година кога „Volkswagen“ на традиционалното собирање на љубителите на „GTI“ ја донесе „GTI Roadster Vision Gran Turismo“. Повеќето ќе се согласат, ако некој „Golf“ е кул, тогаш тоа е дефинитивно овој.

Благодарение на „YouTube“ каналот „Autogefuhl“ сега можеме повторно да го видиме тој автомобил и поблиску да го запознаеме. Футуристичкиот голф е висок само еден метар, а поставен е на 20-инчни тркала. За атрактивниот дизајн придонесува црвената боја, но и деталите како минимизираните LED светла, централен издув и огромен заден спојлер.

Автомобилот е интересен и внатре доминира управувач позајмен од Формула 1. Многу чистиот изглед јасно дава до знаење дека е создаден за возење. А тука му помага 3.0 V6 со повеќе од 500 коњски сили. Овој концепт наводно постигнува стотка за 3,6 секунди и вози преку 300 километри на час.



Спонзорирани линкови

Маркетинг