Првиот симбол што ќе го забележите на оваа илустрација го открива впечатокот што го оставате на другите

Точка

20/03/2023

20:05

8.095

Големина на фонт

а а а

Психолозите често велат дека првиот впечаток што го оставаме на некого е од клучно значење.

Ако луѓето нè доживуваат како пријатна и харизматична личност, лесно ќе ја добиеме нивната доверба. Во спротивно, ќе мора да работиме многу повеќе и да се докажуваме за да постигнеме квалитетна интеракција.

Во која група на луѓе припаѓате вие? Како другите ве прифаќаат - лесно или со сомнеж? Овој потсвесен тест би можел да ви го даде одговорот на тоа прашање.

Погледнете ја илустрацијата и кажете ни што видовте прво – помлада личност со венец околу главата или строг маж во зрели години во централниот дел на илустрацијата? Можеби одговорот што го барате е скриен веднаш зад избраниот симбол.


Ако прво забележавте помладо лице…

Повеќето од луѓето што ќе ги сретнете ве прифаќаат „на прв поглед“. Сепак, има и такви на кои им делувате арогантно и воздржано, но за среќа тие се ретки.

Многу повеќе од нив мислат дека сте одмерени, добро воспитани, харизматични и пријателски настроени. Луѓето сакаат да бидат во ваше друштво, затоа што влевате доза на оптимизам.

Ако прво забележавте постаро лице…

Можеби понекогаш се чувствувате како луѓето да се оддалечуваат од вас, но не грижете се. Оставате впечаток на личност која е дистанцирана, мудра и која поминала сериозна „животна школа“ и умее да ги „чита“ луѓето и пред да кажат било што.

Луѓето кои немаат искрени намери се трудат да поминуваат што помалку време во вашето друштво и имаат добра причина за тоа. Се плашат дека лесно ќе прогледате што имаат намера да ви направат, директно или „зад грб“.

Иако понекогаш се чувствувате лошо што другите се на дистанца кога ќе ве сретнат, сфаќате дека тоа е всушност одлично за вас.




Спонзорирани линкови

Маркетинг