(Фото/Видео) Пристигна новиот „Mercedes GLC Coupe“

Точка

20/03/2023

13:41

11.462

Големина на фонт

а а а

Опсесијата со кросоверите го достигна пикот во „Coupe-SUV“ верзиите, каде „Mercedes“ и „BMW“ го водат главниот збор.

Најновиот модел од премиум „coupe-SUV“ сегментот е „Mercedes GLC Coupe“ втора генерација, а светот ќе го запознае благодарение на островот Паг, кој беше во позадината на снимањето на промотивниот материјал.

Иако визуелните промени се минимални во однос на претходникот, барем оние надворешните, во „Mercedes“ се сигурни дека се преземени сите суштински мерки овој модел и натаму да биде многу конкурентен, посебно кога ќе се постави покрај „Audi Q5“ и „BMW X4“.

Автомобилот сега е подолг за 31 мм и повисок за 6 мм, а ширината не е променета. Новитет е пошироката трага на тркалата, 6 мм напред и 23 мм позади.

Официјалните податоци покажуваат дека аеродинамиката е значајно подобрена, а коефициентот на отпор паднал од 0,30 на 0,27.


Надворешните новини ги следат оние претставени пред неколку месеци на стандардниот „GLC“, а истото важи и за кабината, каде забележуваме дигитален кокпит со екран од 12,3 инчи зад воланот и централен дисплеј со дијагонала од 11,9 инчи.

Да кажеме и дека багажникот пораснал на 545 литри. Тешко е да се избере фаворит од асортиманот на мотори. Понудата нуди очекувано и базирана е на 2.0 бензинец, кој во послабата верзија произведува 204 коњски сили и 230 Nm, а во помоќната верзија 258 коњски сили и 400 Nm.


Дизелот и исто така 2.0, со 197 коњски сили и 440 Nм во верзија 220 d, а со 269 коњски сили и 550 Nm во верзија 300 d.

На тоа додадете ја помошта од електромотор од 12 коњски сили и 200 Nm во сите верзии.


Во понудата има три плаг-ин хибриди, вклучувајќи и еден со дизел-мотор. Тоа се 300e, 400e, 300de.

Благодарение на големата батерија (31,2 kWh) досегот на струја е значајно поголем од претходно (до 130 километри), додека силата на полнење оди до 60 kW.

Сите имаат електромотор од 136 коњски сили (100 kW) и 440 Nm.


Цените и точниот датум на почетокот на продажбата не се познати. Меѓутоа, лесно е да се предвиди понатамошен раст на цената, како и постепено воведување на AMG модели на пазарот.

Повеќе информации ќе бидат достапни на лето.





Спонзорирани линкови

Маркетинг