За првпат од 1961 година доделувањето на Оскарите без црвен тепих

Точка

11/03/2023

20:00

10.043

Големина на фонт

а а а

За првпат од 1961 година, тепихот на доделувањето на Оскарите нема да биде црвен.

Како што пренесуваат странските медиуми, во средата пред Долби театарот во Холивуд, работниците кои работат на подготовките на овогодишната церемонија на Оскарите поставиле тепих во боја на шампањ, додека домаќинот на 95-то доделување на оваа престижна награда, Џими Кимел, разговарал со новинарите.


„Мислам дека одлуката наместо црвен тепих да поставиме тепих со боја на шампањ покажува колку сме убедени дека нема да има крвопролевање“, се пошегувал Кимел.

Одлуката за промена на бојата ја донеле креативните консултанти Лиза Лав, долгогодишна соработничка на Вог, и Раул Авила, креативен директор на гламурозната Мет Гала во Њујорк. Оваа година, тепихот ќе биде и делумно прикриен за да ги заштити ѕвездите и камерите од временски непогоди, но и за да ги претвори пристигнувањата во вечерен настан.


Црвениот тепих на Оскарите датира од 1961 година, кога се одржа 33-то доделување во Санта Моника, но пошироката јавност не го виде црвениот тепих во полн сјај на телевизија сè до 1966 година, кога доделувањето на Оскарите беше за првпат емитувано во боја.

За потсетување, овогодишното доделување на Оскарите започнува во понеделник во 2 часот наутро според европско време, односно во 20 часот според локално време во Лос Анџелес.