Инстаграм приказна на Ивица Јаковлевски - development skills basketball trainer, кој се стекна со сертификат од НБА: „Со силна верба сè е достижно“

Точка

08/03/2023

00:25

8.718

Големина на фонт

а а а

Во рубриката „Инстаграм приказни“, денеска ви го носиме Ивица Јаковлевски – кошаркарски тренер за развојни вештини, кој се стекна со сертификат од НБА тренер.

Сертификатот за кој Јаковлевски со гордост зборува, го добил од Мајк Ланкастер – НБА тренер за развојни вештини, кој работи со повеќе од 100 НБА играчи.

„Овој сертификат е од големо значење, затоа што пред сè се зголемува знаењето од технички и психофизички аспект“, ни вели Јаковлевски.

Како што додава, за да се добие овој сертификат, треба многу посветеност, љубов, дисциплина и напорна работа.

„Овој сертификат има големо значење за мене, бидејќи во светот има многу малку сертифицирани skills тренери. Ова признание ми ги отвора вратите ширум светот, а воедно и ми влијае на самодовербата“, искрен е Ивица.

Да го запознаеме Ивица Јаковлевски преку 5 негови Инстаграм фотографии:

Самодовербата и дисциплината се клуч за успех на секој спортист.

Тренингот е лекција која те мотивира, инспирира и ти влева самодоверба да прераснеш во играч која ја поседува играта.

Development training е различен од индивидуалниот, затоа фокусот и деталите се клучен фактор за развој на еден кошаркар.

Мојата работа е подобрување на техничките и психофизичките способности. Исто така и подобрување на когнитивните способности кај играчите.

Со професионалниот начин на работа, укажувам на иновативност, која ќе влијае во промена на методите и фокусирање на деталите во развојниот тренинг.