Играчите ставија крај на репрезентативните обврски за оваа сезона и се вратија во клубовите за завршните два месеци, а пред да се продолжи натпреварувањето во Србија, Црвена Звезда ги почести своите фанови со урнебесно видео.
Српскиот првак ита кон нова титула во домашното првенство, па со цел да ја подобри атмосферата пред клучниот дел од сезоната, Звезда се обиде да објасни каква е атмосферата во тимот со едно смешно видео.
Марко Арнаутовиќ и Јунг Ву Сеол беа ривали на теренот пред неколку дена, а натпреварот меѓу Австрија и Јужна Кореја се најде во фокусот и поради еден дуел на двајцата.
Арнаутовиќ во свој препознатлив стил решил да го задева соиграчот од Звезда, па со потезите успеа и слатко да ги изнасмее навивачите на Звезда.
Повеќе од очигледно е дека двајцата имаат изградено навистина пријателски однос за кратко време, по што средбата која заврши 1:0 ја завршија со прегратка и размена на дресовите.













