Де Брујне го најави новото дерби против Модриќ со класа изјава за хрватскиот маестро

Дерби

04/04/2026

13:06

166

Големина на фонт

а а а

Репрезентативниот фудбал во Италија се враќа во период кога се слави Велигден во најголем дел од Европа, а празничната програма во Серија А е поделена во три дена.

Фудбал на Апенините ќе се игра денеска, утре и во понеделник, а дербито на колото е закажано за почетокот на наредната седмица, односно дуелот меѓу Наполи и Милан.

Во директна битка за второто место на табелата, Наполи ќе ја има улога на домаќин на овој дуел, а истиот ќе биде интересен и поради новата пресметка која ќе ја имаат Кевин Де Брујне и Лука Модриќ.

Белгиецот во безброј наврати имаше можност да ја гледа фудбалската класа на Хрватот одблизу, па и во најавата за најновото дерби не штедеше комплименти за фудбалскиот ветеран.

– Лука е врвен играч и многу добро го познавам. Многупати игравме еден против друг и често сме разговарале на теренот и надвор од него. За мене тој е еден од најдобрите играчи за врска на сите времиња.

– Не би споредувал генерации, но тој сигурно е меѓу најдобрите играчи во послендите две децении. Мислам дека имам играно со него барем 20 пати, на репрезентативно, но и клупско ниво. Играв многупати против него кога беше во Реал, а сега ми е ривал и во Италија. Го сметам за фантастичен играч и фантастична личност. Исто така, тој има извонредно семејство. Не можам да кажам дека ми е пријател, но тој е многу близок со Ковачиќ кој мене ми е пријател. Често сме се среќавале и секогаш имало неизмерна почит, – вели Де Брујне во најавата за дербито.