[ВИДЕО] Битолчани „запалија“ со новиот тренер: Пелистер ја шокираше Шкендија во Тетово

Дерби

04/04/2026

17:16

233

Големина на фонт

а а а

Екипата на Пелистер направи огромно изненадување и издвојува победа над актуелниот првак Шкендија од 2-1 во првиот натпревар од денешната програма во Првата македонска лига.

Пелистер допатува во Тетово со катастрофална серија на резултати, но и со нова енерија која ја донесе новиот тренер Марјан Секуловски.

Битолчани ги искористија своите шанси и дојдоа до огромен триумф во трката за опстанок, а во исто време и нанесоа сериозен удар на Шкендија во борбата за пехарот.

Спировски стрелаше за водство на гостите во 37 минута, но „црвено-црните“ веднаш се врати преку Ибраими.

Фаворитот имаше шанси за комплетен пресврт, истите не ги искористи, па стигна казната и тоа во најлошо време преку Керим во 92 минута.