[ВИДЕО] Хет-трик на Халанд, Сити го распара Ливерпул во дербито во ФА Купот

Дерби

04/04/2026

17:18

205

Големина на фонт

а а а

Екипата на Манчестер Сити оствари убедлива победа над Ливерпул од 4-0 во дерби натпреварот од четвртфиналната рунда во англискиот ФА Куп.

Ова требаше да биде израмнет, неизвесен дуел до самиот крај, но домаќините максимално ги користеа своите шанси за разлика од гостите кои го имаа лошиот Салах кој имаше неколку идеални прилики, а не реализираше и пенал.

Халанд во завршницата на првиот дел постигна два гола, првиот од пенал во 39 минута, вториот на асистенција на Семењо во судиското продолжение.

На стартот на вториот дел Семењо зголеми на 3-0, а набрзо потоа реализираше уште еднаш Норвежанецот за комплетирање на хет-трикот.

Со ова „граѓаните“ станаа прва екипа со обезбеден билет за „Вембли“.