[ВИДЕО] Флег испиша НБА историја, Њујорк го размонтира Чикаго на домашен терен

Дерби

04/04/2026

13:51

177

Големина на фонт

а а а

Купер Флег ја игра првата сезона во НБА лигата, а како прв пик на драфтот во 2025-та година, полека почна да покажува зошто беше најавуван како голема ѕвезда во колеџите.

Талентираниот играч на Далас рано утрово не можеше да му помогне на својот тим да избегне пораз од Орландо (127:138), но неговото блескаво издание доби историско значење, бидејќи Флег стана првиот тинејџер кој постигнал над 50 поени во првата сезона.

Флег не е првиот дебитант со 50 поени во најсилната кошаркарска лига во светот, но дефинитивно е најмладиот кој остварил ваков учинок.

Неговиот 51 поен за жал не беше доволен да се избегне пораз на домашен терен, а најодговорни за таквиот расплет беа Картер со 28 и Бејн со 27 поени.

Од мечевите кои се играа рано утрово, за одбележување е и убедливата победа која ја оствари Њујорк, бидејќи Никси го размонтираа Чикаго со 40 поени разлика (136:96).

НБА резултати:

Шарлот – Индијана 129:108

Филаделфија – Минесота 115:103

Бруклин – Атланта 107:141

Њујорк – Чикаго 136:96

Хјустон – Јута 140:106

Мемфис – Торонто 96:128

Милвоки – Бостон 101:133

Далас – Орландо 127:138

Сакраменто – Њу Орлеанс 117:113