Илон Маск на вработените во Твитер кои ја преживеаја неговата чистка им порача: „Ве чекаат значајни награди“

Точка

28/02/2023

17:31

10.049

Големина на фонт

а а а

По отпуштањата на Маск во Твитер, шефот на таа социјална мрежа Илон Маск сега ветува значајни награди за оние кои ја преживеаја неговата чистка.

Вработените во Твитер кои ја преживеаја чистката во масовните отпуштања, примиле мејл од шефот Илон Маск кој ги известил дека, по уште една рунда изненадни откази во текот на минатиот викенд, оние кои останале ќе добијат многу значајни награди на основа на резултатите до 24-ти март, пишува „The Verge“, кој на увид го добил интерниот меморандум.

Минатата недела ја завршивме тешката организациска ревизија насочена кон подобрување на идното работење, користејќи толку повратни информации колку што можевме да собереме од целата компанија. Оние кои останаа се високо ценети од страна на оние околу нив, напишал меѓу другото Маск во споменатиот мејл.


Краткиот допис на Маск е насловен „Награда за перформанси“ и како таков претставува прва комуникација на Маск со вработените во Твитер, откако отпуштил стотина вработени, вклучувајќи и неколку постари лојалисти и речиси целиот производен тим во текот на викендот, и секако, без предупредување.

По неколку рунди кратења и барања вработените да бидат „многу тврдокорни“, Маск сè уште не открил детали за споменатите награди. Во претходните интерни коментари алудирал на составот кој го поставил во „SpaceX“, за да им овозможи на вработените редовно да продаваат акции на компанијата на заинтересирани инвеститори. Со оглед на тешката финансиска ситуација на Твитер во однос на „SpaceX“, не е јасно каков ќе биде апетитот за акциите на таа социјална мрежа, барем краткорочно гледано.


Маск во меѓувреме им отежнал на луѓето кои работат во Твитер да го дознаат вкупниот опсег на неговите кратења. Минатата недела Маск им ја укинал можноста на вработените да користат „Slack“ во компанијата. Откако го исклучил Slack", Маск исто така го оневозможил и „Google Chat“ за деловна е-пошта без објаснување. Вработените сега мислат дека таквиот потег имал за цел да оневозможи интерна комуникација во текот на отпуштањата.

„The Verge“ пишува дека вкупниот број на вработени во Твитер, моментално е под 2.000, во споредба со околу 7.500 луѓе на платниот список кога Маск ја преземал оваа социјална мрежа.

Мислам дека тој само ја руши оваа работа до крај и се обидува да работи колку е можно помалку додека пазарот не се заврти, рекол за наведениот портал еден од отпуштените работници.