Минал речиси милион километри, а не е ни возен

Точка

07/02/2023

19:26

10.791

Големина на фонт

а а а

Да се пронајде примерок на модерен класик во состојба каква што е ова „BMW 31“ за некого е остварување на сонот.

Звучи лудо, но тоа е всушност тоа што стои во описот на аукциската куќа „RM Sothebys“ за овој неверојатен „31“ од 1990-та година, лакиран во „Toprot“ црвена боја. Километражата покажува 999.997, поради што, без да видите во каква состојба е автомобилот, би можеле да помислите дека некој 30 години го користел како такси, пишува „Jutarnji“.

Меѓутоа, вистината е малку поинаква – поставувањето на бројачот на километри под нула била прилично вообичаена пракса која „BMW“ ја спроведувал за да надомести за километражата насобрана во текот на испораката на возилото.


Едноставно кажано, автомобилот, пред да дојде во рацете на сопственикот, се возел „наоколу“ на различни транспортери.

Од „BMW“ сакале возилото да има 0 километри кога ќе биде испорачано.


Освен што тоа во овој случај не се случило, пишува "Jutarnji". Првиот сопственик на автомобилот, данскиот возач на трката 24 часа Ле Ман, Јенс Винтер, ја преземал испораката во февруари 1990 година и потоа го ставил автомобилот во својата лична колекција покрај „M1“.

Винтер го имал автомобилот до 2014 година, но неговиот нов сопственик исто така одлучил да не го вози, така што километражата сè уште е „негативна“.


Речиси подеднакво неверојатно како и километражата на овој „31“ е фактот дека е продаден за само 86.250 евра, што на нас ни звучи евтино. „BMW“ направил само 8.000 единици меѓу март 1989-та и јуни 1991-ва и едноставно не веруваме дека постојат многу во истата состојба како и овој.




Спонзорирани линкови

Маркетинг