Џеј Ло позирала со Ким Кардашијан, фановите остро ја искритикуваа: „Ја изгуби мојата почит“

Точка

30/01/2023

16:54

5.857

Големина на фонт

а а а

На прославата на 25-годишнината на брендот „Anastasia Soare“ викендов, Џенифер Лопез сподели серија селфиња на Инстаграм, позирајќи со Ким Кардашијан и Опра Винфри.

Пејачката, ријалити ѕвездата и водителката позирале расположени и насмеани, а објавата за еден ден добила речиси 1,5 милиони допаѓања.

Лопез носела мини фустан од тул Валентино со бели и златни детали, додека Кардашијанката кафеав фустан без прерамки со златен крст ланче.

Винфри, која викендов наполни 69 години, носела кафеав костум со светки светки и бела маичка одоздола.

Бројни следбеници во коментарите ги критикуваа познатите бидејќи „сите си личат еден на друг“.

„Зошто сите почнуваат да личат еден на друг? Има ли само еден изглед на пластичен хирург“, „Џеј Ло и Ким изгледаат како близнаци“, „Премногу филтри на овие фотографии“, „Џенифер штотуку ја изгуби мојата почит. Бегај од Кардашијанките“, „Мислам дека сите одат кај ист пластичен хирург“, се само дел од коментарите кои собраа илјадници лајкови.

На вечерата биле и Шерон Стоун, Хајди Клум, Пријанка Чопра, Синди Крафорд, Гејл Кинг и Софија Вергара.




Спонзорирани линкови

Маркетинг