Започнала да користи дрога на 13 години: Лиса Мари Присли плаќала по 400.000 долари месечно за детоксикација од алкохол и таблети против болки

Точка

30/01/2023

18:22

5.686

Големина на фонт

а а а

Лиса Мари Присли почина како последица од срцев застој, а долго време се бореше со зависностите.

Како и нејзиниот татко, Елвис Присли, и Лиса имала проблеми со зависноста од таблети против болки. Извор за „Marca“ навел дека во 2016 година „Лиса рекла дека ќе умре ако не ѝ се помогне“, откако се разведе од својот четврти сопруг Мајкл Локвуд, кога и се пријавила во институција за одвикнување.


„Има приватен тим за детоксикација за 400.000 долари месечно, а сите лекари доаѓаат во нејзината соба“, изјавил друг извор, тврди „Marca“.

Присила Присли била преокупирана со борбата на својата ќерка против зависностите и „често ја посетувала“, а извори тврдат дека нејзината зависност од таблети против болки започнала пред да се раздели со Мајкл Џексон. Тврдела дека има „неиздржливи болки во грбот“.

Други тврдат дека ужасниот скандал со нејзиниот сопруг Локвуд, кој ги злоупотребувал нејзините финансии, многу ѝ го отежнал животот, а Лиса Мари доживеала „целосен емоционален слом и работите излегле надвор од контрола“.


Лиса Мари започнала да користи дрога на само 13 години, а до својата 17-та година веќе редовно користела опијати.

„Земав сè освен печурки, хероин и крек. Кокаин, седативи, марихуана и алкохол – сè во исто време. Не знам како го преживеав тоа. Еден ден се разбудив со многу луѓе на подот околу мене. Се одвезов до Скиентолошката црква и реков: ‘Некој веднаш нека ми помогне’“, изјавила во една прилика Лиса, која се пријавила во програма за одвикнување на Скиентолошката црква по 72 часа забава без прекин.



Спонзорирани линкови

Маркетинг