Уште еден гигант почнува да користи вештачка интелигенција за креирање на содржини

Точка

30/01/2023

15:38

7.284

Големина на фонт

а а а

„BuzzFeed“, американска компанија за дигитални медиуми, планира да почне да користи вештачка интелигенција (Artificial Intelligence) за персонализација и подобрување на своите квизови и содржини, им најавила оваа компанија на своите вработени оваа недела.

Џона Перети, извршен директор на компанијата, во интерниот допис, според пишувањето на „Guardian“; навел дека во 2023-та година содржината инспирирана од вештачката интелигенција ќе премине во фаза на истражување и развој во делот на нивното основно работење, „подобрувајќи го искуството со квизовите, персонализирајќи ја содржината за нивната публика“.

„Ако минатите 15 години од интернетот беа дефинирани според алгоритамски „feed“-ови кои препорачуваат содржини, следните 15 години ќе бидат дефинирани од „AI“ податоци кои помагаат во креирањето, персонализацијата и анимирањето на самите содржини“, напишал Перети.

Компанијата, според пишувањето на „WSJ“, за содржините користи технологија од компанијата за вештачка интелигенција „OpenAI“, која исто така стои за „ChatGPT“, четбот за јазичен модел пуштен во употреба во ноември во 2022 година и кој стекна популарност поради својата способност да реплицира човекова комуникација.


„BuzzFeed“ не е првата новинарска платформа која користи вештачка интелигенција. Технолошката веб-страница „CNET“ наводно користела „AI“ алатка за генерирање на статии кои подоцна уредниците ги скенираат заради прецизност пред објавувањето. Платформата минатата седмица навела дека програмата има некои ограничувања, бидејќи половина од статиите генерирани со помош на „AI“ морале да бидат уредени поради грешки. Во белешката објавена на интернет во средата, главната уредничка на „CNET“ Кони Гуљемо, се извинила за грешките и рекла дека се воведени нови процеси за тие да се спречат во иднина.

„Процесот можеби не е секогаш лесен или убав, но ќе продолжиме да го прифаќаме“, како и секоја нова технологија за која веруваме дека го прави животот подобар, напишала таа.


Растот на лесно достапна вештачка интелигенција вовел бројни етички недоумици, наведува „Guardian“. Потсетува дека „ChatGPT“ без дозвола го користеле студени во настава, а во едно контролирано истражување наводно тој алат може да положи испити на повеќе универзитети. Многумина се прашувале дали таа технологија би можела да ги замени човечките работи, за чија употреба се расправа во новинарските институции.

Лидерите на медиумските индустрии се почесто велат дека вештачката интелигенција ќе воведе револуција во нивното работење.

Покрај „Buzzfeed“, најголемиот креатор на дигитални содржини кој почнал со имплементација на „OpenAI“ технологија во своето работење, и некои други куќи преземале слични чекори.


„Associated Press“ исто така почнал да користи вештачка интелигенција за автоматизација на вести пред речиси десет години.

„Guardian“ во својот текст потсетува дека веста дека „BuzzFeed“ користи вештачка интелигенција довела до раст на акциите на таа компанија за дури 157 проценти, како и дека таа компанија минатиот месец соопштила дека ќе ја намали својата работна за 12 проценти за ги намали трошоците.




Спонзорирани линкови

Маркетинг