Инстаграм приказна на Борис Цветановски – артист кој создава легура од емоции: „Истанбул е мојот втор дом, таму творам, работам и снимам...“

Точка

27/01/2023

22:25

4.405

Големина на фонт

а а а

Денешниот инстаграм лик којшто ќе Ви го претставиме е момчето за кое без сомнеж можеме да кажеме дека е гласот на „различното“ – рокенрол музиката на новото време.

„Ris Flower“ е музички псевдоним на македонскиот пејач, текстописец и мултиинструменталист Борис Цветановски.

Како автор, овој талентиран артист вели дека на интуитивен начин создава легура од емоции кои преку својот глас и музицирање ги пренесува во јавноста.

Инспириран од „New Wave“-от и алтернативниот звук на 80-тите, музиката на „Ris Flower“ носи свеж прогресивен поп-рок со модерна електронска нишка во звукот.

Снима и работи во Истанбул, заедно со светски познати продуценти во реномирани студија, а песните ги пишува на англиски јазик.

Да го запознаеме „Ris Flower“ низ 5 негови фотографии на Инстаграм:

1. „Оваа фотографија е од фотосесијата што ја направивме во соработка со „Porsche“ по повод мојот концерт кој се случи во декември минатата година во Скопје. Одлично е чувството кога некој верува во тебе на патот кон остварување на сонот“.

2. „Ова видео е од процесот на снимање во студио во Истанбул. Тој град е мојот втор дом, таму творам, работам и снимам заедно со моите пријатели и продуценти кои се врвни професионални музичари“.

3. „За првпат бев најавен како „Headliner“ на фестивалот „ALARM“ во 2021 година. Тоа беше одличен настап во живо, за првпат на голем фестивал, па затоа имам прекрасни спомени од тоа време“.

4. „Мал дел од процесот на снимање во студио... Секогаш прво ја смислувам песната на мојата акустична гитара, а потоа следи изработка на аранжман и свирење на останатите инструменти во живо“.

5. „Особено драго видео од пред 7 години каде изведувам песна заедно со легендарните Аки Рахимовски („Парни Ваљак“) и Гаро Тавитјан („Леб и Сол“), во времето кога настапував многу често во Скопје со мојот cover бенд“.

Автор: М. Нестороска



Спонзорирани линкови

Маркетинг