Бил Гејтс тврди: Најдобро ќе им биде на оние кои ќе се родат за 20-тина години, кога нема да има дебелина, рак …

Точка

26/01/2023

12:44

13.227

Големина на фонт

а а а

Еден од најбогатите луѓе на светот, Бил Гејтс, зборувал за моментот погоден за раѓање на човекот, односно ги споредил условите за живот некогаш и сега. Неодамна изјавил дека е оптимист во поглед на иднината на човештвото, и покрај бројните предизвици со кои се соочува.

Тој смета дека на секој роден во наредните неколку децении ќе му биде подобро од било кој роден во било кој временски период до сега.

„Сè уште сум оптимист дека е подобро да се родиш за 20-40 години од сега, 60 години од сега, отколку било кога во минатото“, рекол тој на 23-ти јануари во текот на посетата на сиднејскиот институт „Лови“.

Гејтс потсетил дека во моментов има многу обесхрабрувачки трендови, како што е неадекватен одговор на пандемијата на коронавирусот, неисполнувањето на целите во борбата против климатските промени и се поголемите политички поделби во САД.


Анкетата на агенцијата за истражување на јавното мислење „Галуп“ од октомври минатата година покажала дека 42 проценти од Американците веруваат дека младите ќе имаат подобар животен стандард од своите родители.

Тоа е за 19 проценти помалку отколку во 2019-та година, кога било спроведено истражување за истото прашање. Меѓутоа, Гејтс, кој е со-основач на „Microsoft“, верува дека песимистите ја немаат целосната слика.

Тој укажал на напредокот во здравството, со нагласување дека глобалната стапка на смртност кај децата помлади од 5 години во последните две децении е преполовена.


„Бројот на иновации за подобрувањето на општата човекова состојба и натаму ќе биде драматичен. Ќе излечиме дебелина, рак, ќе ја искорениме детската парализа“, нагласил тој. Тој го пофалил потенцијалот на евтина и ефикасна зелена енергија, како и технолошкиот напредок кој им овозможува на образовните и здравствените системи да имаат глобално влијание.

Рекол дека работите се движат на подобро. „Погледнете ги работите и кажете: Добро, каде бевме пред 300 години“, рекол тој и додал дека просечниот животен век значајно се зголемил во последните три векови. Просечниот животен век во 1700-тите години бил 40 години, а во САД денеска 76,1 година.

„Без разлика дали сте крал или сиромашен, дали сте подложни на висока смртноста кај новороденчиња и ниско ниво на писменост. Иновациите се феноменална приказна“, заклучил мултимилијардерот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг