Уште една голема технолошка компанија најави отпуштања

Точка

24/01/2023

13:01

8.128

Големина на фонт

а а а

Најавено е отпуштање на околу 6 проценти од вработените, а ќе добијат отпремнина во висока на плати од пет месеци.

Промената е единствена константа, стои на почетокот на пораката која основачот и „CEO“ на „Spotify“ Даниел Ек ја пратил до вработените во компанијата. А таа промена, овој пат, не е добра.

Последните неколку месеци отказите станале константа во технолошката индустрија и без работа останале десетици илјади луѓе во големите компании како „Meta“, „Amazon“, „Alphabet“, „Microsoft“, како и во бројни помали компании и стартапи. На тој растечки број на компании сега се приклучи и „Spotify“.


Технолошкиот гигант вработува нешто помалку од 10.000 луѓе, најмногу во САД и во Шведска, а како што наведува Ек, откази ќе добијат околу шест проценти од вработените, што значи околу 600 луѓе. Најавил дека неколку часа откако ја пратил таа порака започнале и разговори со вработените кои ќе останат без работа. Тие ќе добијат отпремина во висина од пет месечни плати и ќе го задржат здравственото осигурување.

Ек преземал целосна одговорност за потезите кои довеле до оваа ситуација. Напишал дека, како и многу лидери, се надевал дека компанијата ќе го задржи замавот кој го имала во текот на пандемијата и дека широкиот глобален бизнис, како и нискиот ризик од забавување на огласувањето ќе ги заштити: Гледајќи наназад, бев преамбициозен во инвестиции пред растот на нашите приходи. И затоа денеска ја намалуваме базата на нашите вработени за околу шест проценти.


Меѓутоа, компанијата ја напушта и директорката за содржини Дан Остроф, на која и припаѓаат големи заслуги за зголемувањето на огласувањето и за привлекувањето на бројни познати личности кои своите поткастите ги објавуваат на „Spotify“, како Џо Роган, Барак Обама, Ким Кардашиан, принц Хари и други.

По веста за отказите во компанијата, акциите на „Spotify“ пораснале за повеќе од 3 проценти.




Спонзорирани линкови

Маркетинг