Рецепт за сутлијаш: Секогаш ќе биде совршен ако го подготвувате на овој начин

Точка

21/01/2023

16:42

19.230

Големина на фонт

а а а

Оризот варен во млеко и посипан со цимет е деликатес кој секако буди носталгија и нè враќа во деновите кога бевме деца.

Сутлијаш е име кое потекнува од богатата турска кујна, иако слаткото е припитомено и во други култури, вклучително и кај нас.

Лесно се подготвува, но често се случува домаќинките да не успеат да го погодат.

За среќа, постои трик и за овој проблем, а со овој рецепт ќе го направите најубавиот сутлијаш.

Состојки:

- 1 шолја ориз;
- 4 шолји млеко;
- 1 лажичка ванилин шеќер;
- шеќер по вкус;
- цимет;
- 1 лажица бурбон;
- сол.


Подготовка:

Оризот добро измијте го во неколку води, односно додека водата во која го миете не биде целосно чиста. Потоа истурете го оризот во тенџере, покријте го со вода и варете на средна температура со малку сол.

Мешајте цело време. Кога целата вода ќе зоврие додавајте го млекото малку по малку со постојано мешање. Додадете бурбон и ванилин шеќер.

Кога оризот ќе се свари, додадете обичен шеќер и сè убаво измешајте.

Пред сервирање, сутлијашот посипете го со цимет.

На здравје!