Првиот човек на „Apple“ самиот си ја намалил годишната плата за 35 милиони

Точка

16/01/2023

15:46

10.064

Големина на фонт

а а а

Извршниот директор на „Apple“ Тим Кук оваа година ќе го намали својот годишен платен пакет за повеќе од 40 проценти.

Технолошкиот гигант вели дека Кук побарал намалување по критиките од акционерите.

Минатата година акциите на „Apple“ нагло паднале поради проблемите во ланецот за снабдување и глобалното економско забавување. Комитетот за компензација кој работи во рамките на компанијата му доделил вкупна компензација од 49 милиони долари за 2023 година.

„Комисијата за компензација ги избалансира повратните информации на акционерите, резултатите на „Apple“ и препораката на Кук да го приспособи својот надомест во светлото на добиените повратни информации“, наведува „Apple“ во поднесокот до американската финансиска служба.

Најголема разлика во однос на неговиот платен пакет е начинот на кој ќе му бидат доделени акции во компанијата. Компанијата во 2022-ра година му доделила акции од 75 милиони долари, од кои половина се засновани на тоа како „Apple“ работел на берзата. За оваа година неговиот надомест е намален на 40 милиони долари, при што три четвртини од тоа зависат од резултатот на акциите.

Минатата година водечката советодавна група за инвеститори ги повикала акционерите на „Apple“ да гласаат против платниот пакет на господин Кук.

Во писмото од инвеститорите, Институционалната служба за акционери (ISS) соопштила дека постои „значајна загриженост“ околу „дизајнот и големината“ на пакетот.


„ISS“ соопшти дека платата на Кук била 1.447 пати повисока од платата на просечен вработен во „Apple“.

Кук станал извршен директор на „Apple“ во август 2011-та година, само неколку недели пред смртта на коосновачот Стив Џобс.

Под водство на Кук, „Apple“ стана прва компанија која на берзата достигнала вредност од 3 милијарди долари пред да падне на околу 2 милијарди долари во текот на бурната година за технолошката индустрија.

Затворањето на фабриката во Кина, доцнењето во ланецот за снабдување и глобалното економско забавување го поттикнaлe падот на цените на акциите на „Apple“ за 20 проценти.