(Видео) Фокача – рецепт за најевтината италијанска погача: Однадвор крцкава и солена, внатре мека и воздушеста

Точка

04/01/2023

16:00

13.818

Големина на фонт

а а а

Италијанската фокача може да се послужи со мезе, за вечера, но исто така е идеална е и за правење сендвич.

Ова е основниот рецепт за фокача. По потреба може да додадете состојки кои вам ви одговараат – домат, лук, кромид итн.

Потребно е:

- 500 грама бело брашно;
- 1 лажичка сол;
- 1 ќесичка сув квасец или половина коцка свеж квасец;
- 1 лажичка сол;
- 2 лажици маслиново масло;
- 400 милилитри млака вода;
- Оригано.

Подготовка:

Во брашното додадете 1 лажица шеќер и половина коцка квасец. Додадете вода и замесете тесто. Додадете сол, па премесете го тестото, а потоа постапката повторете ја и со маслото за јадење. Оставете тестото да нарасне (околу 20 минути). Премесете го тестото и ставете го во плех, додадете уште малку масло за јадење, сол и оригано.

Оставете да нарасне, а потоа ставете го тестото во загреана рерна додека не се направи златна кора.


Пријатно јадење!