(Видео) Знаете ли зошто речиси на ниедно знаме во светот нема виолетова боја?

Точка

09/12/2022

11:42

5.527

Големина на фонт

а а а

На Јутјуб каналот на Роберт Дасешин се појави видео со интересна приказна за виолетовата боја и тоа зошто ја нема речиси на ниедно знаме во светот.

„Дали знаете дека во светот денес постојат 195 земји и дека речиси ниедна од тие земји ја нема виолетовата боја на знамето? Но зошто? Што е тоа толку посебно за виолетовата боја?“, вели на почетокот на видеото Роберт.

Виолетовата боја отсекогаш се сметала за боја на кралството.

„Бојата била толку ценета што кралицата Елизабета Прва, своевремено дури забранила било кој освен најблиските луѓе да ја носат. Сепак, постоел еден голем проблем поврзан со неа – било исклучително скапо да се набави, а до неодамна можела да се добие само од посебен вид морски полжав кој живеел на територијата на денешен Либан. Но, за да се добиел еден грам виолетова боја, биле потребни дури 10.000 полжави“, објаснува Роберт.

„Затоа, речиси сите земји, дури и кралствата, избегнуваат да користат виолетова боја, бидејќи ќе им одземе многу пари, кои можат да се вложат во армијата. Меѓутоа, денес во светот постојат две знамиња кои имаат виолетова боја – знамињата на Никарагва и Доминика. На знамето на Доминика, виолетова боја има на пердувите на папагал - националното животно на земјата, додека на знамето на Никарагва, виолетовата бија е резервирана за виножитото кое сега го гледате. Сигурно е и прилично скапо да се направи, па затоа е толку ситно“, ја завршува Дацешин својата интересна приказна.