Кортни Кардашијан и Травис имаат 7 правила во бракот кои строго ги почитуваат: Благодарение на нив љубовта им е како бајка!

Точка

28/11/2022

17:00

5.136

Големина на фонт

а а а

Кортни Кардашијан и Травис Баркер за многу кратко време станаа еден од омилените парови на светската сцена. Иако се во врска од минатата година, тие веќе запловија во брачните води.

Меѓутоа, малкумина знаат дека позади овој идиличен брак се кријат седум правила кои двајцата мора строго да ги почитуваат, за да не доаѓа до расправии во домот.

Ова се најважните седум правила:

Двајцата покажуваат максимална љубов кон децата

Двајцата имаат наследници од претходните врски и бракови, па едно од главните правила е сите деца да ги сакаат и почитуваат на ист начин, без оглед што ниедно од нив не им е заедничко.


Постојано се заедно

Речиси сè прават заедно и се трудат воопшто да не се разделуваат во текот на денот. Сите активности ги прават заедно и уживаат во тоа, а тоа може да се види и во познатото реално шоу.

Не зборуваат лошо за поранешните

Еден на друг си забраниле да зборуваат лошо за своите претходни партнери. Всушност, тие не разговараат за нив и на тој начин сакаат да имаат добар меѓусебен однос, а и ги почитуваат своите поранешни партнери.


Не им е грижа за озборувањата на социјалните мрежи, ниту ги сфаќаат сериозно

За тоа колку се популарни како пар, зборува и фактот дека ги нарекле „Кравис“. Секојдневно излегуваат нови вести за нив, како и за целото Кардашијан семејство, меѓутоа, се трудат што помалку да ги следат коментарите за нив.


Водат исклучиво вегански начин на живот

Травис е веган веќе долго време, а поради него и Кортни Кардашијан одлучила да го проба таквиот начин на живот.

Травис мора да ги почитува нејзините родители

Тука не се мисли само на Крис, туку Травис Баркер побарал дозвола и од Кејтлин Џенер, но и од нејзиниот покоен татко Роберт, за да се венча со Кортни. Поточно, непочитувањето на овие правила може сериозно да ѝ наштети на нивната идилична врска.


Бакнежи и нежни допири во јавноста не им пречат, ниту се срамат во тие моменти

Нивните профили на Инстаграм се преплавени со фотографии и многу често и во јавност разменуваат нежности. Често тоа го прават и пред децата, не сокривајќи ја љубовта и привлечноста која владее помеѓу нив.




Спонзорирани линкови

Маркетинг