Службеник на НАСА: Астронаутите до 2030-та ќе живеат и работат на Месечината

Точка

21/11/2022

07:55

26.470

Големина на фонт

а а а

Пред крајот на деценијата астронаутите ќе живеат и ќе работат на Месечината, изјавил Хауард Ху, службеник на НАСА. Ху, директор на програмата за лунарни вселенски летала на американската агенција „Orion“, вели дека луѓето би можеле да бидат долготрајно на Месечината пред 2030-та година.

„Во оваа деценија ќе имаме луѓе кои ќе живеат на Месечината. Ќе има населби и ровери. Ќе пратиме луѓе на површината на Месечината и тие таму ќе живеат и ќе се занимаваат со наука“, рекол Ху во текот на гостувањето во емисијата на „BBC“ „Sunday with Laura Kuenssberg“.

Ху во февруари е поставен на чело на вселенското летало за истражување на НАСА во длабоката во вселена. Во интервјуто за „BBC“ изјавил дека ракетата „Artemis“, долга 98 метри, летала кон Месечината во својата прва мисија без екипаж.


„Ова е историски ден за НАСА, се враќаме на Месечината“

Огромната ракета, на чиј врв е вселенското летало „Orion“, е лансирана во средата од Кејп Карнивал на Флорида по низа откажувања поради технички грешки и урагани. Вселенското летало носи три кукли облечени во астронаутско одело. Ракетата е сега на околу 134.000 километри од Mесечината.

„Ова е прв чекор кон долготрајното истражување на длабоката вселена, не само за САД, туку за целиот свет. Мислам дека ова е историски ден за НАСА, но и историски ден за истражувањето на длабоката вселена. Се враќаме на Месечината“, рекол Ху.


Мисијата на вселенското летало трае 25 дена, а на 11-ти декември би требало да падне во Тихиот океан. Успешната мисија ќе го отвори патот за понатамошни летови на „Artemis 2 и 3“, кои би пратиле луѓе околу Месечината и назад. Се очекува дека мисијата „Artemis 3“, која би можела да биде лансирана во 2026-та година, ќе ги врати луѓето на површината на Месечината за прв пат од „Apollo“ во 1972-ра година, пишува „Guardian“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг