Сите благодети на чајот од бреза: Зошто е сојузник во постигнувањето виткост?

Точка

08/11/2022

17:32

8.995

Големина на фонт

а а а

Можеби сте навикнати да гледате дрвореди од брези во парковите и шеталиштата, но не ви паднало на памет дека поминувате покрај едно од најкорисните растенија.

Четириесет и два вида дрвја од семејството Betulaceae се користат од 16 век за ублажување на симптомите на многу болести, особено оние поврзани со уринарниот тракт. Делови од растението бреза кои можат да помогнат во ублажување на многу симптоми се лисјата, пупките, ресите и кората.

Се верува дека листовите најдобро се берат во пролет и се сушат на темно и прозрачно место, додека кората се собира во пролет и наесен. Пупките, кои се богати со есенцијално масло, и младите листови од бреза, дури може да се додадат во готвени јадења и салати. Од внатрешниот дел на кората се добива брашно од кое се меси леб и се прави каша. Исто така, брезата се додава во многу козметички препарати и се користи во фитотерапијата.


Сојузник за добра линија

Од сувите листови и пупките на брезата се вари чај кој е богат со витамин Ц и Е, калциум, каротин, танин и бетулабин. Неговото консумирање се препорачува кај лица кои имаат проблеми со вишок течности во организмот, бидејќи може да го зголеми излачувањето на урината и да влијае на бактериските инфекции на уринарниот тракт.

Се верува дека брезата го чисти, зајакнува и подмладува организмот и дека може да помогне при отстранување на киселините од организмот. Исто така се смета како корисен при лечење на грип и настинки.


Се препорачува како помош при третманите за слабеење и отстранување на целулитот, а некои го користат и за ублажување на менструалните болки.

Чајот може да се користи и за надворешна употреба. Со втривање во скалпот, може да помогне да се спречи првутот и опаѓањето на косата, а се вели дека миењето со чај го подобрува тенот и лекува кожни болести.

Кој не треба да го пие?

Луѓето со проблеми со срцето или бубрезите не треба да пијат чај од листови од бреза. Исто така, не се препорачува за бремени жени, доилки и луѓе кои се алергични на аспирин. Не треба да консумирате повеќе од три шолји чај дневно.


За жал, некои луѓе се алергични на полен од бреза. Загрозени се оние кои веќе имаат орална алергија на друга храна, како што се моркови, пелин, целер, лешници, кикирики, соја, јаболка или некои зачини, пренесува веб-страницата „Helty Ronin“.