Познатиот бренд „Dior“ тужи порно актерка, таа вели: „Смешно е, она што го правам обично не вклучува облека“

Точка

07/11/2022

16:00

5.883

Големина на фонт

а а а

Француската модна куќа „Christian Dior Couture“ одлучила да ја тужи порно актерката Џиџи Диор бидејќи не сака да го „поништи своето име и презиме“.

„Ова е смешно, моето име нема никаква врска со мода и, што е уште посмешно, она што го правам обично не вклучува облека“, рекла Џиџи за „Page Six“ како одговор на тужбата.

Порно актерката минатата година поднела барање нејзиното име да се заштити, а барањето ѝ било одобрено на 20-ти септември 2022 година. Џиџи успешно го користи своето име и презиме на личната веб-страница, „OnlyFans“ платформата и на сите профили на социјалните мрежи.

„Пред неколку недели добив известување од „Christian Dior Couture“ дека се жалат на моето одобрение на заштитниот знак и тврдат дека името „Dior“ се нарушува на овој начин“, вели Џиџи, која во порно индустријата е само две години, и додала:

„Изградив бренд околу тоа име, тоа стана и моја репутација, така што е навистина тешко да помислам дека можеби ќе морам да почнам од нула и да променам сè“.