[ВИДЕО] Баба од 103 години станала сензација на „ТикТок“ со своите совети за шминкање: „Ќе се сетам на неа следниот пат кога ќе нанесувам руменило!“

Точка

18/05/2025

14:00

760

Големина на фонт

а а а

За поголемиот дел од луѓето, да се доживеат 103 години само по себе звучи импресивно, но за Џоан Патриџ тоа е само почеток на нејзините изненадувачки достигнувања. Оваа пензионерка од Британија стана вистинска сензација на социјалните мрежи, а нејзините совети за шминкање ги обожаваат сите!

Наместо деновите да ги минува мирно и повлечено, Џоан секое утро станува, се шминка и со насмевка го пречекува денот. Никогаш ни сонувала дека таа едноставна, секојдневна рутина ќе ѝ донесе статус – инфлуенсерка.

Родена во Бирмингем, а денес жителка на домот за стари лица „Милкрофт“ во Вустершир, Џоан стана вирална ѕвезда откако видео на кое нанесува руменило собра повеќе од 250.000 прегледи на ТикТок.

Во тој симпатично видео, Џоан ѝ објаснува на една вработена како користи сунѓерче за пудра и нежно го нанесува руменилото на образите, внимателно мешајќи го со кожата. Со доза хумор, додала дека многумина се обидуваат да ги истакнат јаболчниците така што ќе се насмевнат – „но јас имам толку многу брчки што не можам!“

Видеото ги воодушеви гледачите кои сега бараат „повеќе бјути инфлуенсерки од оваа генерација“, а Џоан ја нарекуваат вистинска ѕвезда. Меѓу нејзините совети е и трикот дека руменилото не мора да се нанесува со кружни движења, туку едноставно да се „стопи“ со кожата: „Така знаеш кога си ставила доволно! А ако мислиш дека не е доволно – додади уште!“



Во интервју за „BBC“, Џоан, која самостојно се грижела за себе до својата 102-ра година, признава дека е „шокирана и преплавена“ од реакциите и дека никогаш не очекувала толкаво внимание.

Директорката на домот „Милкрофт“, Линзи Сард, раскажала како почнале со снимање видеа откако на социјалните мрежи виделе бројни туторијали за шминкање, па помислиле: „Зошто и ние да не ја снимиме Џоан?“

Нејзиното влијание сега е и официјално потврдено – откако една обожавателка во коментарите го тагнала козметичкиот бренд „Collection Cosmetics“, следувала соработка, а Џоан добила и подароци.



Watch on TikTok

Коментарите под видеото се преполни со пофалби – некои го фалат нејзиниот изглед, а други признаваат дека длабоко ги инспирирала. Една корисничка напишала: „На апликација преполна со лоши „GRWM“ (get ready with me) видеа, Џоан е вистинска ѕвезда. Повеќе ваква содржина, ве молам!“ Друга додала: „Ќе се сетам на Џоан следниот пат кога ќе ставам руменило!“ Еден корисник на ТикТок прокоментирал: „Нема шанси да има 103! Изгледа помладо од мене. Прекрасна жена – вакви видеа секогаш ме тераат да размислам за работа во дом за стари лица.“

Дури и од брендот со кој соработуваше коментираа: „Како прекрасно изгледа Џоан!“

Подоцна во видеото, со помош на мало светлечко огледалце, го поправува карминот и открива дека нејзиниот омилен производ, се разбира, е нејзиното руменило.

Во уште едно видео, заедно со други корисници на домот, покажува црно-бела фотографија од младоста, криејќи се зад неа пред да го покаже своето лице и да се насмевне во камерата.